Тодоров: Ќе се намали чекањето кај уролог

29.09.2016 15:26

Во иднина матичните лекари најпрвин ќе прават примарни тестови, па потоа ќе даваат упат за специјалист- уролог.

Преку „Мој термин“ зголемен број на упатите кај уролог. Матичниот доктор давал упат, а специјалистот повторно го враќал назад, појаснува ресорниот министер за здравство Тодоров. Во иднина матичните лекари најпрвин ќе прават примарни тестови, па потоа ќе даваат упат за специјалист- уролог.

Со оваа мерка сериозно ќе се намали времето на чекање за околу или под седум дена, односно ќе се зголеми достапноста до оваа специјалност, ќе се олесни работата на лекарите, ќе се забрза прегледот и нема за еден пациент да се одвојуваат два термина за иста работа, напомена Тодоров.