Стотици Македонци умираат поради загаден воздух

29.09.2016 15:47

Повеќе од 600 Македонци годишно умираат од загаден воздух. Најголем загадувач-енергетскиот сектор. Од невладината „Аналитика“ велат дека Македонија како и земјите од регионот треба да се зафатат со алтернативни планови за поголема енергетска ефикасност...

Во Македонија годишно се губат околу 640 човечки животи поради преголемо загадување на воздухот, покажува истражувањето на 17 граѓански организации од Југоисточна Европа. Според податоците од четиригодишниот проект, најголем загадувач е енергетскиот сектор. Од невладината „Аналитика“ велат дека Македонија како и земјите од регионот треба да се зафатат со алтернативни планови за поголема енергетска ефикасност и за поголема искористеност на обновливите извори.

Сончевите панели можат да ги надоместат потребите од увоз на струја, но е потребен закон со кој домаќинствата ќе можат да бидат производители на енергија- вели Лилјана Поповска од ДОМ.

За долгорочно и сигурно снабдување со електрична енергија, на Македонија и се потребни реформи- велат од делегацијата на ЕУ во Македонија.

Според Александар Дуковски, директорот на Агенцијата за енергетика, обвновливите извори на енергија во земјава се движат околу 22 процента.

Целта на четиригодишниот проект е да се покаже дека е возможна алтернатива од сегашната состојба, која е зелена, одржлива и ќе ја помага економијата.

 

Сунчица Николоска