Кардиоваскуларните заболувања косат

29.09.2016 16:12

Секој втор Македонец умира од кардиоваскуларни заболувања. Загрижувачки податоци на Институтот за јавно здравје. Ризик фактори нередовната физичка активност, пушењето, исхраната, стресот...

Секој втор граѓанин во Македонија лани починал поради кардиоваскиларни заболувања - податоците од Институтот за јавно здравје алармантни. Ризик фактори нередовната физичка активност, пушењето, исхраната, стресот. 

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме, велат имаат проблеми со срцето, па затоа редовно одат на преглед кај кардиолог.

„Малку сум подебел, па морам да одам на редовна контрола. Во последно време сум и физички поактивен.“

„Сопругата има зголемено ниво на шеќер во крвта, повеќе се исхрануваме здраво.“

„Само масна храна избегнувам, тоа не смеам да јадам.“

„Што има- тоа јадеме“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Статистичките податоци покажуваат дека 80 насто од сите срцеви болести, и дијабетесот  можат да се спречат со редовни здравствени контроли. 

„Стресот е значаен ризик фактор за појава на срцевите заболувања. Затоа препорачуваме редовно да се вршат контроли на здравјето. Барем еднаш годишно да се испита нивото на шеќер во крвта, нивото на холестерол, почесто да се мери крвниот притисок“, изјави проф. д-р Елена Ќосевска, Институт за јавно здравје.

Според Светската здравствена организација, секоја година кардиоваскуларните болести се причина за прерана смрт на повеќе од 17 милиони луѓе. За жал, се прогнозира дека бројката ќе расте и во наредните години. 

 

Андријана Атанасовска