ОПЕК се договори, барел нафта достигна 49 долари
Веста предизвика експресен раст на нејзината цена на нафтените берзи во Азија за шест отсто, достигнувајќи ниво од околу 49 долари за барел.

За првпат по осум години земјите членки на ОПЕК, на министерската конференција во Алжир, се согласија да го намалат производството на сурова нафта. Веста предизвика експресен раст на нејзината цена на нафтените берзи во Азија за шест отсто, достигнувајќи ниво од околу 49 долари за барел.
„Излеговме со предлог со кој одиме напред. Да се разгледа таргетирање на ниво од 32,5 до 33 милиони барели дневно. Се согласивме на ниво на висок технички комитет од сите членки на ОПЕК да проучиме механизам за поделба на нивото на производството по одделни земји, кој ќе биде презентиран на следната средба на 30 ноември во Виена“, изјави Мохамед Бин Салах Ал-Сада, претседател на ОПЕК.
Картелот се договорил дневното производство да се намали за околу 700 илјади барели, од што половина милион отпаѓа на Саудиска Арабија. Иран е исклучен од ограничувањето, но Ријад очекува неговото производство да не надмине 3,7 милиони барели дневно.
„Ние, две и пол години имавме многу конструктивен аргумент за ОПЕК. Тоа значи дека ОПЕК може да ја надмине оваа мошне тешка состојба“, смета Бијан Занганех, министер за нафта на Иран.
