Кличко бара поддршка

01.02.2014 11:54

Украинскиот опозициски лидер Витали Кличко на Минхенската конференција за безбедност ќе упати апел за подршка...

Украинскиот опозициски лидер Витали Кличко на Минхенската конференција за безбедност ќе упати апел за подршка.

Тој ќе се сретне со американскиот министер за надворешни работи Кери и со германскиот, Штајнмајер.

„Германија има големо влијание во Европа. Многу нешта зависат од министерот Штајнмајер.Би разговарал со него околу политиката, какви чекори би требало да направи Украина и  како да ја принудиме Владата  во никој случај да не почнува граѓанска војна“, изјави Кличко. Времето на апели до претседателот во Киев е поминато и тој  бара  конкретни чекори од меѓународната заедница.
 
„Не е доволно само водење  разговори, покажување солидарност, тоа е премалку. Јас ќе предложам конкретни мерки и санкции против одредени личности, кои извршија кршење на човековите права“, нагласува Кличко.
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер, од своја страна, ја предупреди украинската Влада  дека без итна реализација на ветувањата дадени на опозицијата, ситуацијата во земјата ќе експлодира. Штајнмајер во решавањето на кризата во Киев  бара  поддршка и од Русија.
 
Украинските вооружени сили остануваат надвор од политиката и нема да одговорат на провокациите, порача  министерот за одбрана на Украина, Павел Лебедев.