Во ноември судење за протестите пред Општина Центар
29.09.2016 17:12
Судијата кој ќе го работи случајот го разгледал обвинителниот предлог на Специјалното обвинителство и до 14-те обвинети доставил покани со примерок од обвинителниот предлог.

Судењето на обвинетите кои учествуваа во протестите пред Општина Центар е закажано за 21 ноември - информираат од Кривичниот суд.
Судијата кој ќе го работи случајот го разгледал обвинителниот предлог на Специјалното обвинителство и до 14-те обвинети доставил покани со примерок од обвинителниот предлог.
СЈО за овој предмет поднесе обвинение на 15 септември за поттикнување насилство пред општината. Деветмина се товарат како директни извршители.
