Шимон Перес денеска ќе биде погребан во Ерусалим
На церемонијата присуствуваат голем број светски лидери, меѓу кои американскиот и францускиот претседател Обама и Оланд, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини...

Почна погребот на поранешниот претседател и премиер на Израел и добитник на нобеловата награда за мир, Шимон Перес во Ерусалим.
На церемонијата присуствуваат голем број светски лидери, меѓу кои американскиот и францускиот претседател Обама и Оланд, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, германскиот претседател Јоаким Гаук и британскиот принц Чарлс, како и палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Церемонијата на државниот погреб на Перес, кој почина во средата на 93-годиншна возраст, се одржува на израелските национални гробишта Гора Херци во Ерусалим.
