Јосиповиќ: Македонија и Црна Гора во НАТО
01.02.2014 13:04
На безбедносната конференција во Минхен на којашто учествуваат над 400 светски политичари...

На безбедносната конференција во Минхен на којашто учествуваат над 400 светски политичари, претежно шефови на дипломатии, хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ повика на побрз прием на Македонија и Црна Гора во НАТО, јавува дописникот на ХРТ од Минхен.
На Самитот кадешто доминираат Украина, Сирија и преговорите Белград-Приштина, Јосиповиќ, интегрирање то побарал при средбата со германскиот претседател Јоаким Гаук, јавува Хрватската Телевизија од Минхен.
На 50-та традиционална конференција во Минхен учествуваат генералните секретари на НАТО и на ООН, Расмусен и Бан, шефовите на дипломатиите на САД, Русија, Кина, Германија, Франција, Шведска, како и Престедателот на Европскиот Совет, Ван Ромпај и баронесата Ештон, шефица на дипломатијата и на безбедносната политика на Европската Унија.
