Расмусен: САД треба да останат светски полицаец
Соединетите Американски Држави треба да останат светски полицаец, оцени поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Вашингтон. Според него, без разлика која ќе биде новиот американски претседател, треба да ја продолжи лидерската улога на САД...

Без американска интервенција во кризните региони, светот ќе биде понестабилен. ЗАтоа САД мора да продолжат да бидат лиери и да се справат со заканите навреме и превентивно, оцени поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Вашингтон.
„Само Соединетите Американски Држави можат да бидат светски полицаец, бидејќи се единствен способен, доверлив и сигурен кандидат за оваа функција“, изјави Андерс Фог Расмусен, поранешен генерален секретар на НАТО.
Кој и да стане нов американски претседател, мора да ја задржи лидерската улога во НАТО, оценува Расмусен.
„Ова не е прашање дали ќе биде Републиканец или Демократ во Белата куќа. ЗА мене ова е прашање кој ќе ја преземе лидерската улога“, вели Расмусен.
Европа без американско присуство ќе биде поделена и нестабилна, оценува поранешниот генерален секретар на НАТО.
Според поранешниот генерален секретар на НАТО, последиците од бегалската криза во Европа ќе беа многу помали доколку навреме се вклучија во нејзиното справување, ЕУ, САД и НАТО.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
