Каталонија: Парламентот одобри референдум за независност

30.09.2016 12:00

Опозицијата пак смета дека референдумот ќе биде нелегален и дека нема да биде признаен.

Пратениците на Каталонскиот парламент го одобрија планот на претседателот на таа шпанска покраина Карлос Пуџдемон, наредната година да распише референдум за независност на Каталонија од Шпанија.

Во обраќањето до каталонските пратеници, еден ден претходно претседателот рече дека референдумот ќе се одржи без оглед на тоа дали владата во Мадрид ќе се согласи со тоа.

Опозицијата пак смета дека референдумот ќе биде нелегален и дека нема да биде признаен.