Виена: Маж се обидел намерно да прегази пешаци

30.09.2016 11:31

Извикувајќи низ прозорецот од автомобилот „Алах акбар“, тој влегол на плоштад каде се упатил кон пешаците со намера да ги прегази, а тие, за среќа, успеале да го избегнат возилото.

Маж од турско потекло вчера со својот автомобил се обидел да прегази пешаци во Виена. Извикувајќи низ прозорецот од автомобилот „Алах акбар“, тој влегол на плоштад каде се упатил кон пешаците со намера да ги прегази, а тие, за среќа, успеале да го избегнат возилото.

Четири патроли на полицијата, што биле повикани од очевидците, успеале да го запрат родениот виенчанец, кој на задното седиште имал Куран.