Нова ротација унгарски полицајци на јужната граница
30.09.2016 13:04
Во декември, премиерите на Република Македонија и на Унгарија се договорија за соработка и поддршка во операцијата за обезбедување на македонските граници.

Нов полициски контингент од 25-мина унгарски офицери е распореден на границата меѓу Македонија и Грција, како засилување за борбата против илегалните мигранти.
Во декември, премиерите на Република Македонија и на Унгарија се договорија за соработка и поддршка во операцијата за обезбедување на македонските граници.
На јужната македонска граница спрема грција за спречување на мигрантската криза и криумчарењето мигранти се распоредени 166 полицајци од неколку европски земји и од Србија.
