Раст на индустриското производство за 5,5% од почетокот на годината

30.09.2016 13:41

Податоците покажуваат дека индустриското производство во август годинава, во однос на август лани во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 10,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,9 отсто.

Индустриското производство од почетокот на годината заклучно со август забележа раст од 5,5 отсто. Само во август годинава забележан е раст од 5,2 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека индустриското производство во август годинава, во однос на август лани во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 10,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,9 отсто.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на прехранбени производи, на текстил, на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерални производи, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1 отсто, Капитални производи за 60,8 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 69,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,6 отсто.