Ременски: Достоинствен живот за старите лица
Ременски по повод утрешниот Меѓународен ден на стари лица, го посети старскиот дом Мајка Тереза каде има згрижено 68 корисници. По тој повод порача достоинствени здравствени услуги и поголема грижа од институциите, и државна субвенција за оние кои не можат да ги платат услугите...

Достоинствена старост и грижа за старите лица- порача министерката за труд и социјална политика Ременски по повод утрешниот Меѓународен ден на стари лица. Го посети старскиот дом Мајка Тереза каде има згрижено 68 корисници. По тој повод порача достоинствени здравствени услуги и поголема грижа од институциите, и државна субвенција за оние кои не можат да ги платат услугите.
Достоинствена старост, не само пензија, туку и повисок животен стандард, подобри и подостапни здравствени услоги, поголема грижа од институциите. Затоа продолжуваат сите активности во делот на поттикнувањето на институциите на државата и на приватните лица во инвестиција за сместување на старите лица, но исто така и државна субвенција за помош на лицата кои немаат средства и услови да го платат сместувањето во приватните или во државните установи за згрижување лица, рече министерката за труд и социјална политика.
