Лутфиу: Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе почне со работа за две недели

30.09.2016 13:49

Азиз Положани е избран за ректор со шестмесечен мандат. На почеток, студентите ќе учат во просториите на Штуловиот Универзитет во Скопје.

Новиот универзитет „Мајка Тереза“ ги отвора вратите. Формиран е сенатот, Азиз Положани е избран за ректор со шестмесечен мандат. На почеток, студентите ќе учат во просториите на Штуловиот Универзитет во Скопје.

Досега се пријавени 80 студенти, формиран е дел од професорскиот кадар. За наставен кадар аплицирале 170 луѓе, примени се 45, а наскоро ќе биде објавен огласот за уште 39 места.