„Шарл де Гол“ почна офанзива против Исламска држава
30.09.2016 14:44
Нападите врз упориштето во Мосул се дел од третата воена мисија на Французите кои се активни во овој регион од лани во рамките на коалицијата предводена од САД.

Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ почна офанзива против Исламска држава во Ирак. Нападите врз упориштето во Мосул се дел од третата воена мисија на Французите кои се активни во овој регион од лани во рамките на коалицијата предводена од САД.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека ќе прати и воени советници, по што авионите ќе тргнат кон Заливот за да се интензивираат борбите против џихадистите.
На „Шарл де Гол“ се стационирани 40 авиони и хеликоптери.
