Дел Боске:„Арагонес ја поведе Шпанија на вистискиот пат“

01.02.2014 13:12

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Висенте Дел Боске, се огласи во медиумите...

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Висенте Дел Боске, се огласи во медиумите по веста за смртта на неговиот претходник Луис Арагонес.

„Знаев за неговите здравствени проблеми, но се надевав дека нема да дојде до ова. Овој ден ќе го помнам како тажен“, им рече Дел Боске на новинарите, во исто време оддавајќи му почит на Арагонес за тоа што го направи за шпанскиот фудбал.

„Луис имаше огромно тренерско искуство и ја поведе Шпанија по вистинскиот пат“, Дел Боске со пиетет зборуваше за неговиот претходник, кој го промени начинот на игра за националниот тим, по што следуваа три големи успеси во низа. Арагонес на „црвената фурија“ и донесе европска титула во 2008-ма, а потоа се повлече од кормилото оставајќи му простор на Дел Боске кој ја освои светската титула во Јужна Африка во 2010-та и ја одбрани континенталната пред две години.