Меркел и Обама: Русија и силите на сириската влада одговорни за нападите врз Алепо
30.09.2016 15:00
Според двајцата државници, Русија и сириското раководство имаат посебна одговорност во окончувањето на насилството во Сирија...

Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Барак Обама остро ги осудија воздушните напади врз опколениот град Алепо.
Според двајцата државници, Русија и сириското раководство имаат посебна одговорност во окончувањето на насилството во Сирија.
Побараа пристап на хуманитарната помош од ОН во Сирија.
