Италијанската полиција откри две слики од Ван Гог украдени во 2002 година
30.09.2016 15:06
Полицијата наведува дека сликите се украдени во 2002 година од познатиот меѓународен музеј во Амстердам...

Две слики на Ван Гог, со непроценлива вредност се откриени меѓу другите запленети добра на дилер на дрога од неаполската мафија Камора.
Полицијата наведува дека сликите се украдени во 2002 година од познатиот меѓународен музеј во Амстердам.
Запленетата стока е во вредност од над десетици милиони евра.
