Продолжува комисиската дебата за буџетската каса за 2017-та

30.09.2016 17:19

Втор ден пратеничка дебата за буџетот за наредната година. За мнозинството развоен, за опозицијата нереален. Дебата во матичната комисија продолжува, до 11-ти октомври народните избраници на пленарна седница ќе треба да решат за буџетот за 2017-та година...

Втор ден пратеничка дебата за проекцијата на државната каса за 2017-та. Според владата пресметките се базирани на високите капитални инвестиции, на социјалната заштита на ранливите категории и на етапното намалување на буџетскиот дефицит. Дебатта во матичната комисијата продолжува. До 11-ти октомври народните избраници на пленарна седница треба да одлучат за буџетот за 2017-та, согласно договорот од Пржино, на 12- ти, Собранието треба да се распушти.

За власта буџетот е развоен со проектирани повеќе пари за капитални инвестици, за социјална заштита и намалување на буџетскиот дефицит, не се загрозени платите, пензиите, субвенциите.

За опозицијата предлогот е нереален, список на желби и предизборно додворување кон гласачите, можност да се земат повеке пари од граѓаните. Од ДОМ со став-форматот на буџетската проекција е недоволно јасен, потребни се повеќе средства за екологија и заштитата од ретки болести.

ДПА со забелешки дека има дискриминаторски однос при распределбата на парите, за ДУИ пак буџетот е пропорционален, во него се вградени сите програмски определби на интегративците.

Државната каса во 2017-та е проектирано да тежи 3,3 милијаради евра, вкупните приходи три милијарди и педесет милиони, расходите 3 милијади 350 милиони евра, буџетскиот дефицит е три насто.

 

Сузана Фиданска- Стоевска