ММФ: Економски раст од 2,2% во 2016-та
Меѓународниот Монетарен Фонд прогнозира дека економскиот раст во Македонија оваа година ќе биде 2,2 проценти, а во 2017-та 3,2 проценти. ММФ во најновиот извештај оценува дека македонската економија издржа бројни шокови, но дека економскиот раст забавил минатата година...

Македонската економија издржа бројни шокови вклучувајќи ја и долгата политичка криза. Економскиот раст покажа отпорност на серија кризи во изминативе две години, благодарејќи на странските инвестиции и подобрувањето на условите на пазарот на труд. Закрепнувањето од глобалната финансиска криза е солидно, но економскиот раст забави. Во 2016-та година економскиот раст ќе биде 2,2 проценти поради одложените инвестиции и скромниот кредитен раст поради политичката несигурност.
По изборите во декември и враќање на стабилноста, проекциите за растот во 2017-та е 3,2 проценти, со зголемување на среднорочен план поради подобрувањето на инвестициите во инфраструктурата, подобрување на пазарот на труд и зацврстување на кредитниот раст, стои во најновиот извештај на Меѓународниот Монетарен Фонд за Македонија.
ММФ препорачува три мерки: задржување на јавниот долг под 50 проценти од БДП, продолжување на монетарната и финансиската стабилност и подобрување на економскиот потенцијал преку реформи, меѓу кои и на пензинскиот систем. ММф препорачува зголемување на старосната граница за пензионерите, бидејќи населението старее и таа е под европскиот просек.
Банкарскиот сектор останува стабилен, а монетарната политика соодветна. Невработеноста се намалила за 10 проценти од 2008-та, и сега е 24 проценти, што се уште е висока, велат од ММФ.
За намалување на стапката на невработеност, од ММФ советуваат младите да се обучуваат за професии од областа на техниката.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
