Трговијата со лозови калеми- сѐ поголем бизнис

03.10.2016 10:15

Лозарите и овоштарите се повеќе се решаваат да користат сертифицирани лозови калеми. Врзувањето на субвенциите за подигнување нови насади на ваков начин го привлече вниманието и на компаниите од овој бизнис.

Лозарите кои одгледуваат материјал за садење за лична употреба до 100 садници немаат обврска да се регистрираат како производители.

Оние, пак, што сакаат сопствените домашни производени садници да ги продаваат  и на други земјоделци, во аптеки и во расадници треба да се регистрираат и да добијат сертификат.

Ваквиот начин на продажба е лозарите да бидат сигурни дека калемите одговараат на саканиот и очекуван род според квалитетот и сортата, и не се заразени со болести и штетници.

Во последно време освен индивидуалните лозари за регистрирање во оваа дејност и за по масовно производство се повеќе почнаа да се  интересираат и фирмите.

До 2010 година само 3 беа регистрирани за производство, трговија и увоз на калеми, а годинава веќе има 176 компании и 14 расадници со што и земјоделците  имаат поголем избори и конкуренција на квалитетот за набавка на посадочен материјал.

 

Методија Трајков