Седници на две собраниски комисии

03.10.2016 10:20

На едната ќе се разгледува предлог-буџетот за 2017-та во второ читање, како и законот за извршување на државната каса за наредната година, а на другата, предлог-законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост...

Денеска ќе заседаваат две собраниски комисии. Матичната комисија за финансирање и буџет ќе одржи две седници.

На едната ќе се разгледува предлог-буџетот за 2017-та во второ читање, како и законот за извршување на државната каса за наредната година, а на другата, предлог-законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и со ствари во општинска сопсвеност, во второ читање.

Овој законски предлог ќе го разгледува и законодавно- правната комисија.