ЕП ја почнува Есенската сесија
03.10.2016 10:35
На дневниот ред ќе сe разгледуваат: миграцијата, цените на мобилните услуги и правата на жените...

Европскиот парламент денеска ја почнува Есенската сесија во Стразбур. На дневниот ред ќе сe разгледуваат: миграцијата, цените на мобилните услуги и правата на жените.
Утре ќе се разговара за миграцискиот камп во близина на францускиот град Кале, бидејќи претходно францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека сличните незаконски кампови ќе бидат целосно отстранети до крајот на годинава и побара помош од владата на Велика Британија.
