Отфрлен мировниот договор во Kолумбија
03.10.2016 11:27
По четиригодишни преговори, спогодбата беше потпишана во историскиот град Картагена, а за неговата целосна верификација, е потребно договорот да го прифатат и колумбиските гласачи на референдум.
Над 50 насто од колумбиските гласачи на вчерашниот референдум го отфрлија мировниот договор меѓу владата и бунтовничкото движење „Револуционерни вооружени сили на Колумбија“.
По четиригодишни преговори, спогодбата беше потпишана во историскиот град Картагена, а за неговата целосна верификација, е потребно договорот да го прифатат и колумбиските гласачи на референдум.
ФАРК прифати трајно примирје и положување на оружјето за да се вклучи во политичкиот живот.
