Холандски новинар убиен со снајпер во Либија

03.10.2016 11:57

Доктор Акрам Гливан, портпаролот на болницита во Мисрата, каде што се лекуваат провладините борци, изјави дека новинарот бил „погоден во гради од снајперист на ИД“.

Холандски новинар бил убиен во Либија, додека известувал за офанзивата на владините сили против џихадистите од групата исламска држава (ИД) во градот Сирт, кој важи за главно упориште на екстремистите во земјата и се наоѓа на 450 километри источно од Триполи.

Доктор Акрам Гливан, портпаролот на болницита во Мисрата, каде што се лекуваат провладините борци, изјави дека новинарот бил „погоден во гради од снајперист на ИД“.