Објавен оглас за 670 стипендии за ученици Роми

03.10.2016 13:20

Задоволен е од бројот на запишани ученици во средното училиште „Шаип Јусуф“, кое беше отворено лани и почна со 80 ученици, а денеска следат настава 200 средношколци.

Објавен е огласот за 670 стипендии за средношколци- Роми. Заменик-министерот за образование Спиро Ристовски рече дека ова е одлична можност да се поттикнат учениците да го продолжат своето образование.

Задоволен е од бројот на запишани ученици во средното училиште „Шаип Јусуф“, кое беше отворено лани и почна со 80 ученици, а денеска следат настава 200 средношколци.

Досега се доделени 4.000 вакви стипендии и имаме околу 900 Роми ментори кои се дел од програмата. Апелирам до сите заинтересирани ученици да аплицираат за остварување на правото на стипендија која ќе трае во период од  девет месеци, истакна Ристовски.

Стипендиите се во пет категории од кои зависи и нивниот износ од 600 до 2.200 денари месечно. Учениците со највисок просек ќе добиваат и највисока сума.