Бизнисот бара приспособување на законските измени

03.10.2016 13:36

Бизнис заедницата бара да се приспособат законските измени за компаниите кои имаат правна служба, да можат да ги застапуваат своите фирми пред нотарите во случаи поврзани со платен промет и извршување, но и при други дејствија.

Над 60 проценти од компаниите ќе се соочат со зголемени финансиски трошоци по 1-ви јануари откако ќе стапи во сила новиот Закон за нотаријат и извршување, велат од Стопанската комора.

Бизнис заедницата бара да се приспособат законските измени за компаниите кои имаат правна служба, да можат да ги застапуваат своите фирми пред нотарите во случаи поврзани со платен промет и извршување, но и при други дејствија.

Ангажирањето надворешни соработници за сметка на веќе постоечките правни служби во компаниите, нема да значи подобро и поквалитетно завршена работа, напротив. Тоа за фирмите ќе биде дополнителен финансиски товар што ќе предизвика реорганизација и негативни импликации врз работењето, истакна Елена Милевска Штрбевска, директор во Стопанската комора.