Германија слави 26 години од обединувањето
03.10.2016 13:47
Главните прослави оваа година се организирани во Дрезден, административниот центар на Саксонија, на кои ќе присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, шефот на државата Јоахим Гаук и други високи претставници.

Германија одбележува 26 години од обединувањето. На 3-ти октомври 1990-та година пет провинции од поранешната Демократска Република Германија влегоа во составот на Сојузна Република Германија.
Главните прослави оваа година се организирани во Дрезден, административниот центар на Саксонија, на кои ќе присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, шефот на државата Јоахим Гаук и други високи претставници.
За безбедноста се ангажирани околу 2 илјади и 600 полицајци. Безбедносните мерки се зајакнати по минатонеделните напади.
