Грчката полиција употреби солзавец против пензионери

03.10.2016 15:04

Околу илјада пензионери се собраа во центарот на Атина изразувајќи незадоволство од, според нив, незаконското и бесчувствително одземање на нивните доходи.

Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера стотиците пензионери кои протестираа поради мерките за штедење и намалување на пензиите.

Околу илјада пензионери се собраа во центарот на Атина изразувајќи незадоволство од, според нив, незаконското и бесчувствително одземање на нивните доходи. Тие тврдат дека нивните средства за пензиско осигурување, кои биле издвојувани со години, можат да бидат загубени.

Десетици од нив, кои беа на чело на протестите, се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да превртат автобус на полицијата, по што беше употребен солзавец.