Продолжува комисиската расправа за буџетот за 2017-та

03.10.2016 15:25

За опозицијата проекциите се нереални, парите се трошат ненаменски. Власта со став – кој се грижи за земјоделците најдобро покажуваат нивните гласови на избори неколку години наназад.

Продолжи комисиската расправа за предлог- буџетот за 2017-та. Спротивставени ставови и реплики за распределбата на парите за земјоделството и руралениот развој. За опозицијата проекциите се нереални, парите се трошат ненаменски. Власта со став – кој се грижи за земјоделците најдобро покажуваат нивните гласови на избори неколку години наназад.

Владата предложи буџетот за идната година да изнесува 3,3 милијарди евра од кои 450 милиони ќе бидат наменети за капитални инвестиции, најмногу во сообраќајната инфраструктура. Вкупните приходи според предлогот се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година. Вкупните расходи се на ниво од 206,22 милијарди денари или за 4,5 проценти повеќе во однос на годинава. Буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува 3 проценти од БДП, односно 18,6 милијарди денари.

Буџетот треба да се донесе најдоцна до 11-ти октомври, бидејќи според политичкиот договор на 12-ти октомври треба да се распушти Собранието и да се распишат предвремени парлаентарни избори на 11-ти декември.