Јошинори Охсуми добитник на Нобеловата награда за медицина
Јапонскиот молекуларен биолог Јошинори Охсуми е годинешен добитник на Нобеловата награда за медицина, за истражување на аутофагијата, клучен механизам за обнова на клетките и реакцијата на организмите на глад и инфекции.
Со објавувањето на Нобеловата награда за медицина во Стокхолм почна Нобеловата недела. Јапонскиот молекуларен биолог Јошинори Охсуми е годинешен добитник на Нобеловата награда за медицина, за истражување на аутофагијата, клучен механизам за обнова на клетките и реакцијата на организмите на глад и инфекции.
По желба на Алфред Нобел наградите кои го носат неговото име се доделуваат за најважните откритија во областа на физиката, хемијата медицијата, за литературните достигнувања и за дејности во интерес на светскиот мир.
Наградите ги доделуваат комисии составени од Шведската Кралска Академија на науките.
