Продолжува комисиската расправа за државните пари во 2017-та

03.10.2016 17:00

Пратениците сѐ уште расправаат за државната каса за в година и за тоа, како ќе се трошат народните пари. Жешка точка- земјоделството. Опозицијата обвини за ненаменско трошење на средства, мнозинството одговори дека власта води грижа за земјоделците...

Спротивставени ставови, реплики, контра реплики, власта и опозицијата четврти ден кршат копја за распределбата на државните пари за 2017- та. За опозицијата- проекциите се нереални и неостваливи, едно пишува, а во реалноста парите одат за ненаменски трошоци. Владејачкото мнозинство со став- податоците за БДП, капитални инвестиции, намалувањето на невработеноста покажуваат колку буџетот е реален.

Орцев од СДСМ ја обвини власта дека не им помага на земјоделците, амандмански предлагаат интервентен фонд, Коџабашиев од ВМРО-ДПМНЕ реплицираше, не ја дезинформирајте јавноста.

И само по половина час од почетокот на седницата, гласни муабети и префрлувања меѓу пратениците. Претседателот на комисијата ги опомена.

Комисиската расправата треба да заврши за шест дена. За 2017-та според проекцијата, буџетската каса тежи 3,3 милијарди евра, се темели на еконосмки раст од три насто од БДП, инфлација од еден процент. Вкупните приходи се предвидува да бидат повисоки за 7,6, раходите за 4,5 проценти.

 

Сузана Фиданска- Стоевска