Турција: Суспендирани 13 илјади полициски службеници поради можни врски со Ѓулен
04.10.2016 10:44
Во чистката на претседателот Ердоган по обидот за воен удар на 15 јули, отказни решенија добија над 100.000 државни службеници, учители, судии

Турските власти отпуштија 12.801 полицаец поради наводна поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен.
Во чистката на претседателот Ердоган по обидот за воен удар на 15 јули, отказни решенија добија над 100.000 државни службеници, учители, судии, обвинители и други вработени.
