Автомобил бомба во Сирија усмрти најмалку 20 лица

04.10.2016 10:11

Меѓу загинатите е и младоженецот, кој бил член на Сириските демократски сили

Бомбаш самоубиец уби најмалку 20 луѓе на свадба во североисточна Сирија.

Меѓу загинатите е и младоженецот, кој бил член на Сириските демократски сили, арапско-курдската коалиција што се бори против џихадистите од Исламска држава.

Над 90 луѓе беа ранети, од кои повеќето се во критична состојба.