Прекинати разговорите меѓу САД и Русија за Сирија

04.10.2016 10:59

Русија одговори-САД ја префрлаат вината за неуспешното примирје. Вашингтон ги обвини и сириските владини сили за засилување на нападите врз цивилите.

САД ги прекинуваат разговорите со Русија за војната во Сирија. Според американските власти, Москва не ги исполнува обврските од договорот за прекин на огнот.

Русија одговори-САД ја префрлаат вината за неуспешното примирје. Вашингтон ги обвини и сириските владини сили за засилување на нападите врз цивилите.

Алепо, најголемиот град во Сирија, е постојано бомбардиран откако заврши прекинот на огнот пред две недели.