Белата куќа разочарана од одлуката на Врховниот суд на САД

04.10.2016 11:20

Според предлогот, околу четири милиони луѓе кои илегално живеат во САД од 2010 година, немаат криминално досие и имаат деца кои се американски државјани или имаат законски постојан престој...

Белата куќа изрази разочарување од одлуката на Врховниот суд да не ги слушне аргументите на администрацијата на претседателот Барак Обама за планот за илегални мигранти.

Според предлогот, околу четири милиони луѓе кои илегално живеат во САД од 2010 година, немаат криминално досие и имаат деца кои се американски државјани или имаат законски постојан престој, би биле заштитени од депортирање и би добиле работна дозвола.

Врховниот суд беше поделен во одлуката за планот, поради што останува во сила пресудата на понискиот суд од 2015 година, кој ја отфрли извршната уредба на претседателот Обама.