Недвижности

Градежниците задоволни од побарувачката, цените остануваат на исто ниво

04.10.2016 13:08

Градежниците се задоволни од побарувачката на станови. Се гради со несмалено темпо, но цените остануваат на исто ниво. Благ пад на цената на станбениот и деловниот квадрат е забележан во светот. Кај нас нема некоја разлика. Народната банка укажува дека стабилната монетарна политика е причина за ваквата состојба...

Анализата на податоците на цените на недвижнините на глобално ниво покажале благ пад на цената на станбениот и деловниот квадрат. Но кај нас, иако се гради со несмалено темпо, цените остануваат на исто ниво. Градежниците се задоволни од побарувачката.

Тоа што на домашниот пазар незабележително поминува светскиот тренд на намалени цени, за Народната банка укажува на нешто друго. Дека e стабилна монетарна политика.

Од лани Катастарот објавува регистар на цени и закупнини. Од неодамна тргувањето на пазарот на недвижности се врши и по електронски пат.

Според статистиката, лани се изградени нешто под 2.500 станови. Најмногу се градело во скопскиот и полошкиот регион.

 

Дијана Ценевска