„Викиликс“ ќе објавува документи за американските претседателски избори

04.10.2016 13:39

„Викиликс објави 10 милиони документи во 10 години. Во просек, тоа се 10 милијарди зборови и 3.000 документи на ден“, изјави Џулијан Асанж, основач на „Викиликс“.

Секоја недела, „Викиликс“ ќе објавува документи за американските претседателски избори се до терминот на нивно одржување на 8 ноември. Контроверзниот портал одбележува 10 години од основањето.

„Викиликс објави 10 милиони документи во 10 години. Во просек, тоа се 10 милијарди зборови и 3.000 документи на ден“, изјави Џулијан Асанж, основач на „Викиликс“.

Асанж вети и податоци за војните, нафтата, масовното надгледување и за „Гугл“. 45-годишниот Австралијанец е во еквадорската амбасада во Лондон уште од 2012 година каде побара азил за да не биде испорачан во Шведска поради обвиненија за сексуално малтретирање.

Асанж ги негира обвинувањата за силување. Претходно изјави дека стравува да не биде пратен од Шведска во САД каде што би се соочил со нови обвиненија за обелоденувањето на воените и дипломатските документи.

Од 2010 година, „Викиликс“ објави над 250 илјади документи поврзани со американскат дипломатија.