Димовски: Неприфатливи се нови барања за СЈО надвор од договорот од Пржино
Не прифаќаме никакви нови договарања, предоговарања, проширување на опфат и рокови надвор од тоа што беше во рамките на процесот наречен Пржино, изјави Димовски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ останаа на ставовите кои што ги кажаа во однос на барањата на Специјалното јавно обвинителство, а тоа е дека нема да прифати никакво разгледување на какви било барања на Специјалното јавно обвинителство од неколку причини, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.
Не прифаќаме никакви нови договарања, предоговарања, проширување на опфат и рокови надвор од тоа што беше во рамките на процесот наречен Пржино, изјави Димовски.
Тоа без согласност од ВМРО-ДПМНЕ не може да се случи, а од ВМРО-ДПМНЕ нема согласност за таква работа, поради тоа што се што беше поставено како приоритет и потреба од страна на сите субјекти вклучени во тие разговори, се беше овозможено, рече координаторот на пратеничката група.
