„Киненова Скопје“- фестивал за почетниците во филмската уметност

04.10.2016 14:49

Хрватската актерка Мира Фурлан е меѓу главните гости и членови на меѓународното жири на новиот филмски фестивал „Киненова Скопје“ што ќе се одржи од 5-ти до 9-ти октомври во Скопје. Програмата на фестивалот е создадена од дебитански и други филмови...

Дебитантски филмови на автори од цел свет. „Киненова Скопје“ е првиот фестивал во Македонија чијашто главна селекција за награди е посветена на почетниците во филмската уметност. Според организаторите, огромен број од нив веднаш го прифатиле како свој простор, за што зборува бројката од 4.000 пријавени филмови од 113 земји.

На првото издание на „Киненова“, во главната селекција за наградите најдобар филм, режија, сценарио и филм, според публиката, ќе се натпреваруваат девет филма што ќе ги оценува меѓународно жири. Имаме силна, свежа и жанровски многу разновидна селекција, вели селекторката Костова.

Во рамките на „Киненова Скопје“, ќе има и работилница за развој на сценарија за кратки филмови за македонските млади сценаристи. Американскиот сценарист Џон Стивенс ќе одржи работилница во која ќе ги претстави моделите на пишување сценарија.

Кино Култура, Домот на Армијата и Кино Кисела Вода се местата каде што ќе можат да се видат кино- проекциите.

 

Александра Спировска