Бах со спортистите во олимпиското село
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, пристигна во олимпиското село во Сочи...

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, пристигна во олимпиското село во Сочи и ќе престојува во него за да биде поблиску до спортистите. 60-годишниот Германец го замени Жак Рог минатиот септември, а 22-те Олимписки зимски игрите ќе бидат први за него откако е на чело на светското олимписко движење.
„Навистина се радувам на фактот што тој дојде“, рече германската репрезентативка во хокеј на мраз Бетина Еверс, откако присуствуваше на вечерата во олимпиското село во друштво на својот сонародник. Бах е поранешен мечувалец, а претставувајќи ја Западна Германија освои злато во тимскиот натпревар на Летните олимписки игри во Монтреал 1976-та. Една година потоа стана светски првак во Буенос Аирес.
