Продолжува судскиот процес за случајот „Диво насеље“
Јавниот обвинител најпрво ги читаше доказите приложени кон обвинителниот акт, по што се презентираат фотографии и видео снимки од местата каде што се пронајдени и подигнати оружјето и муницијата.

Продолжува судскиот процес против терористите со кои лани во Куманово се справи Министерството за внатрешни работи. На рочиштето беа изведени материјалните докази. Јавниот обвинител најпрво ги читаше доказите приложени кон обвинителниот акт, по што се презентираат фотографии и видео снимки од местата каде што се пронајдени и подигнати оружјето и муницијата.
Рочиштето што денеска се одржува во просториите на Врховниот суд, поради големиот интерес е отворено за јавноста. Во ланските вооружени инциденти во т.н. Диво насеље во куманово, загинаа 8 припадници на полициските единици.
Обвинителниот акт товари 37 лица за тероризам и логистичка поддршка.
