Промовирана книгата „Несвети, а свети“ од рускиот епископ Тихон

04.10.2016 15:13

Тихон е викар на Патријархот Московски на цела Русија, господин Кирил и духовник на рускиот претседател Путин...

Книгата што побуди внимание во Русија „Несвети, а свети“ од рускиот епископ Тихон, е  претставена во Националната универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Посетителите имаа можност да ја разгледаат изложбата посветена на историјата на Руската Патријаршија. Тихон е викар на Патријархот Московски на цела Русија, господин Кирил и духовник на рускиот претседател Путин.

Тихон оцени- меѓуцрковниот спор меѓу Македонската и Српската Православна Црква е апсурд, за  тоа разговарал со Архиепископот Стефан и претседателот Иванов.