Поволни кредити за отворање бизниси
Министерот за финансии Кирил Миновски посочи дека само со креирање на ефективен систем за развој на приватниот сектоор, преку микро, мали и средни претппријатија, може да се дојде до генерирање нови работни места.
Од денеска во наредните две недели сите невработени лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис до три работни места, или да го зголемат бројот на вработени, можат да аплицираат во Агенцијата за вработување на Република Македонија за кредит со каматна стапка од еден насто годишно.
Мерките кои се објавуваат денеска се однесуваат на самовработување со кредитирање и кредитирање на правни субјекти компании за отворање нови работни места. Тие се спроведуваат од 2008 година и досега резултираа со отворени над 7.000 нови работни места, со 3.200 новоформирани компании. За годинава се обезбедени 724 илјади евра за спроведување на овие две мерки, кои нудат поволни услови за водење бизнис, рече на денешната прес-конференција дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов.
Министерот за финансии Кирил Миновски посочи дека само со креирање на ефективен систем за развој на приватниот сектоор, преку микро, мали и средни претппријатија, може да се дојде до генерирање нови работни места.
Двете програми за вработување за кои денеска се објавуваат огласи се во насока на поддршка на сегментот на микро, мали и средни претпријатија. Со овие програми можат да се добијат средства и до 17 илјади евра кредит за развој на бизнис и отворање нови работни места под исклучително поволни услови, рече Миновски.
Директорот на АВРМ, Влатко Поповски дека многу од компаниите кои ги користеле мерките во изминатиот период работат сѐ уште на пазарот на трудот, сѐ уште бараат нови работници и евтини средства кои ги даваме заедно со овие мерки.
