Настинки и коњуктивитис ќе лекува матичен лекар

04.10.2016 15:37

Според направената анализа има непотребно упатување за две дијагнози од матичен кон специјалист коишто по сите стандарди треба да бидат лекувани кај матичен лекар...

Матичните лекари нема да може да ги упатуваат пациентите со коњуктивитис и настинки кај лекари- специјалисти. Со тоа ќе намалат гужвите во болниците, вели министерот Тодоров.

Според направената анализа има непотребно упатување за две дијагнози од матичен кон специјалист коишто по сите стандарди треба да бидат лекувани кај матичен лекар. Првата дијагноза е коњуктивит, а втората е настинка. За дијагнозата коњуктивит издадени се 48.536 упати за 40.894 пациенти за период од една година. За настинка кон специјалист упатени се 10.198 пациенти или вкупно за двете дијагнози над 58.700 пациенти, рече Тодоров.

За овие упати, според него, државата платила 23.493.600 денари.