Виното со пониски цени на странскиот пазар

05.10.2016 10:10

За разлика од лани кога извозот беше под просечниот, годинава се очекува да се продадат поголеми количества вино на пазарите во странство. Продажбата во шишиња се планира да биде малку поголема, но наливното само до август веќе е продадено за 50 проценти повеќе од минатата сезона...

Извозот на вино годинава се очекува да биде малку над просекот, но и без посериозни проблеми. Првичните нарачки веќе покажуваат минимално зголемени извезени количества на вино во шишиња во споредба со лани, додека продаденото наливно вино до август е дури за 54 проценти повеќе од ланскиот остварениот пласман до овој месец.

Лошо кај пласманот за годинава е тоа што цената на извезеното македонско виното е намалена. Не поради послабиот квалитет, туку, како што велат од винските визби, резултатот на глобалниот тренд на светскиот пазар каде што цените се повеќе паѓаат надолу.

Во 2015-та година, вкупниот извоз на вино достигна 600.000 хектолитри со вредност од скоро 40 милиони евра.

 

Методија Трајков