Бугарија ќе гради ограда на границата со Турција

05.10.2016 10:51

Ќе распореди и дополнителен број граничари во обид да се спречи приливот на мигранти...

Бугарија ќе гради жичена ограда долга 100 км на границата со Грција и со Турција. Ќе распореди и дополнителен број граничари во обид да се спречи приливот на мигранти.

Инаку, новата гранична служба на Европската Унија, која ќе го замени Фронтекс, официјално ќе почне да работи во Бугарија, на свеченост на која ќе присуствува и еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос.

Припадниците на новата служба ќе бидат распоредени на бугарско-турската граница.