Примирјето со ФАРК ќе се продолжи до 31-ви октомври
05.10.2016 11:14
Во август колумбиската Влада се договори за прекин на борбите со ФАРК, а примирјето требаше да продолжи додека да се одржи референдум за одобрување на мировниот договор.

Колумбискиот претседател Хуан Сантос изјави дека примирјето со бунтовничката група ФАРК ќе биде продолжено до 31 октомври.
Во август колумбиската Влада се договори за прекин на борбите со ФАРК, а примирјето требаше да продолжи додека да се одржи референдум за одобрување на мировниот договор.
На референдумот во неделата Колумбијците гласаа против предложениот договор.
