Поплави во Италија и Франција, суша во Калифорнија
01.02.2014 15:14
Стотици жители на Пиза и Тоскана беа принудени да се евакуираат поради излевањето на реката Арно...

Стотици жители на Пиза и Тоскана беа принудени да се евакуираат поради излевањето на реката Арно во северна Италија. Ваквите поплави во оваа област не се забележани од 1966-та година. Во гратчето Волтера, кај Пиза поројните дождови урнаа помали мостови и делови од патот. Во западна Франција, во областа Финистере, објавена е тревога поради најавите за високи бранови и поплави. И во други 10 француски департмани , локалните власти ги алармираа жителите на можни поплави причинети од постојаните дождови.
На другиот крај од светот, во Калифорнија, поради екстремната суша, надлежната Агенција за води предупреди дека за првпат од постоењето нема да биде во можност да овозможи соодветно водоснабдување. Две третини од 25-те милиони Калифорнијци и околу 400 илјади хектари земја се снабдуваат со вода од агенцијата. Метеролозите предвидуваат дека 2014-та ќе биде најсушната година воопшто забележана во историјата на оваа американска држава.
„Исклучувајте ја водата додека се бричите и не ја пуштајте без потреба во тоалетите“ препорача гувернерот Џери Браун.
